Под оваа шифра се крие формулата за виткост, здравје и добро расположение, а значи: 5 оброци на ден, во 1 оброк по 5 вида на намирници (вклучена е и водата), по 1 намирница за ужина, 5 дена траење на диетата.
ПОЈАДОКОТ е ист за сите денови и се состои од 1 чаша вода, 100 мл делумно обрано млеко, кафе без шеќер, 2 парчиња интегрален леб со 2 лажици мармалад или мед.
ПРЕТПЛАДНЕВНАТА УЖИНКА се состои од 1 сезонско овошје или коцка темна чоколада.
ПОПЛАДНЕВНАТА УЖИНКА се состои од 1 обран јогурт, или малку сирење, или 2 мали парчиња немасна шунка.
1 ДЕН
РУЧЕК: 1 чаша вода, 1 киви, 70гр тестенина со домати и босилок, 100 гр телешко месо, 100 гр моркови
ВЕЧЕРА: 1 чаша вода, 1 резанка ананас, 30гр ориз со 100 гр грашок, 200 гр варена бела риба, зелена салата
2 ДЕН
РУЧЕК: 1 чаша вода, 150 гр јагоди, 2 варени компири, 2 тврдоварени јајца, 100 гр зелена салата
ВЕЧЕРА: 1 чаша вода, 2 сливи, тестенина со грав, 50 гр варена шунка, 200 гр печен зеленчук
3 ДЕН
РУЧЕК: 1 чаша вода, 1 јаболко, 70 гр тестенина со оригано, 130 гр, печено мисиркино месо, 100 гр домати.
ВЕЧЕРА: 1 чаша вода, 1 банана, супа од зеленчук, 200 гр риба со сок од лимон, 100 гр зелена салата.
4 ДЕН
РУЧЕК: 1 чаша вода, 1 праска, 70 гр интегрален ориз, лигњи со домати, зелена салата
ВЕЧЕРА: 1 чаша вода, 1 киви, пире од грашок со 2 парчиња препеченица, 4 парчиња димена печеница, 100 гр моркови
5 ДЕН
РУЧЕК: 1 чаша вода, 1 резанка ананас, 100 гр моцарела, 200 гр домати, 40 гр интегрален леб
ВЕЧЕРА: 1 чаша вода, 1 круша, тестенина со јачмен, 200 гр бела риба готвена на пареа, 100 гр зелена салата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.