Карпош Соколи го победи МЗТ Скопје со резултат 104-93, израмнувајќи на 1-1 во финалната серија од плејофот и најавувајќи интересна битка за титулата.
Избраниците на Драган Николиќ одиграа три перфектни четвртини, во последните десет минути влегоа со плус 25 поени, но прерано се опуштија и му овозможија на гостинот да се врати и да се избори за попристоен пораз.
Лабовиќ со 24 поени беше најефикасен кај Карпош Соколи, пред Мавра со 19 и Трајковски и Пери со по 14 поени. Во редовите на МЗТ Скопје најефикасни беа Клоф со 19 и Лалиќ со 16 поени.
Третиот натпревар од оваа финална серија ќе се игра в петок во СЦ „Јане Сандански“ во Аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.