Кошаркарскиот шампион на Македонија МЗТ Скопје Аеродром спогодбено го раскина договорот со црногорскиот интернационалец Никола Павличевиќ.
Инцидентот што се случи во петокот по дуелот од АБА лигата со ФМП, во кој Павличевиќ нервозен по поразот во речиси добиен натпревар влезе во конфликт со навивачите, е причината поради која клубот и кошаркарот заеднички решија дека вакво решение е најдобро во моментов за двете страни.
Павличевиќ одигра шест натпревари во АБА лигата за „металците“ и имаше просек од 8,7 поени по натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.