| четврток, 6 декември 2018 |

Пашоски: Ќе ја прогласиме сезоната како суперуспешна ако го освоиме Купот

goran pasoski

Капитенот на екипата на Пелистер, Горан Пашовски во пресрет на финалето од македонскиот Куп против Шкендија изјави дека овој натпревар граѓаните во Битола го чекаат долго време.

– Овој натпревар и овој трофеј битолчани го чекаат 16 години. Играме успешна сезона, четврти сме во првенството и имаме шанса да го освоиме Купот. Вака сезоната е успешна, а ако го освоиме трофејот од Купот ќе бидр супер-успешна. Апел до навивачите на двете екипи за коректно навивање за време на финалето – изјави голманот на битолскиот прволигаш.

И за тетовчани и за битолчани ова ќе биде четврто финале и двете екипи го имаат освоено Купот по еднаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top