Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ посвети твит на сопругата Меланија за Денот на мајката. Бидејќи односот на Меланија и Доналд подолго време ѝ е интересен на јавноста, корисниците на оваа социјална мрежа ја искористија можноста да си искоментираат.
Wishing @FLOTUS Melania and all of the great mothers out there a wonderful day ahead with family and friends!
Happy #MothersDay
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) May 14, 2017
Иако имаше и такви на кои овој гест им беше симпатичен, многумина едвај чекаа да го зајадат. Изгледа неговите критичари се активни и кога се работи за теми кои немаат врска со политиката.
„Дали им е пораката упатена на сите твои поранешни жени и на оние кои сексуално ги вознемируваше?“, „Меланија сега може да се разведе“, се некои од безобразните конетари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.