Американските новинари реагираат откако на новинарката на „Си-ен-ен“, Кетлин Колинс и беше забрането да присуствува на прес конференцијата на претседателот на САД, Доналд Трамп и првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во Белата куќа.
Претставниците на Белата куќа, Бил Шајн и Сара Сандерс изјавија дака Колинс прашувала „несоодветни“ прашања за време на претходиот состанок на Трамп и Јункер.
Забраната за Колинс е оценета како осветољубива и ги загрижи новинарите, дури и ривалите на „Си-ен-ен“.
„Фокс њуз“ издаде соопштение во кое се наведува дека се „солидаризира со Си-Ен-Ен“,
Колинс на настанот не беше како новинарка на „Си-ен-ен“ туку како претставничка на повеќе телевизиски мрежи.
Новинарката на „Ен-би-си“, Кејси Хант на Твитер напиша – „Тоа беа прашања на известувачите на повеќе телевизии, што значи дека мерката е против сите телевизиски новинари кои известуваат од Белата куќа“.
Во исто време, американските медиуми објавија дека Трамп бил изнервиран од тоа што неговата сопруга Меланија во авион гледала „Си-ен-ен“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.