Славната италијанска порноактерка Чичолина пред неколку дена беше во посета на Белград како дел од филмскиот фестивал за документарни филмови „Белдокс“, на кој беше прикажан биографскиот документарец „Чичолина, кума на скандалите“.
Чичолина е родена на 26 ноември во Будимпешта како Илона Шталер, а потоа о менува со уметничкото име Чичолина.
Освен што постигна невиден успех во порноиндустријата, Чичолина имаше завиден успех и во политичките и во музичките води.
Пред неколку години, италијанските медиуми открија дека Чичолина е голем фан на римскиот калчолигаш Лацио, за кој настапуваше и македонскиот капитен Горан Пандев, а „светлосините“ му се омилени фудбалски јунаци и на нејзиниот син Лудвиг.
Италијанската порнодива била голем фан на фудбалерите од поранешна Југославија, а меѓу нив најпознати беа Владимир Југовиќ, Ален Бокшиќ, Дејан Станковиќ, Синиша Михајловиќ, Дарко Ковачевиќ, Милан Бишевац, Александар Коларов, Душан Баста, Сергеј-Милинковиќ Савиќ, Филип Џорџевиќ.
Легендарниот капитен на градскиот ривал Рома, Франческо Тоти, призна дека во младоста, во својата соба имал неколку постери од италијанската порно дива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.