| четврток, 6 декември 2018 |

Милинковиќ – Савиќ: Не е битно кој ме гледа, јас сум среќен во Лацио

Српскиот интернационалец во дресот на Лацио, Сергеј Милинковиќ – Савиќ, кој беше стрелец на два гола синоќа во ремито со Аталанта (3-3) во дуел од Серија А, рече дека тој не се интересира кои скаути од големите европски екипи го следат.

Милинковиќ-Савиќ е еден од најбараните фудбалери на пазарот во Европа. Цел е на Јувентус, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Барселона, Монако, ПСЖ,…

– Постигнав два важни гола. Играм за Лацио и не ми е важно кој дојде да ме гледа. Јас сум среќен во Лацио, рече Србинот.

Неговиот договор со римскиот клуб важи до 2022 година, но речиси сигурно е дека тој ќе го напушти клубот уште на лето.

Претседателот на клубот Клаудио Лотито призна дека одбил понудата од 70 милиони евра во летниот преоден рок и бара најмалку 100 милиони евра за 22-годишниот Србин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top