Најдобриот македонски интернационален фудбалски судија,Александар Ставрев, ќе биде на центарот на Куп-финалето меѓу Шкендија и Пелистер кое се игра на 17 мај.
Ставрев ќе биде на центарот, а ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов. Четврти судија ќе биде Никола Караколев, додека дополнителни судии ќе бидат Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски. За делегат на натпреварот е назначен Васко Дојчиновски.
Куп-финалето меѓу Шкендија и Пелистер се игра на 17 мај на стадионот „Младост“ во Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.