| четврток, 6 декември 2018 |

Кире Лазаров е избран за најдобар ракометар во мајските квалификации за ЕП 2018

Makedonija - Island Rakomet 2017 (20) (Large)

Кире Лазаров е најдобар играч во мајските квалификации за ЕП 2018, откако македонскиот капитен освои најмногу гласови од фановите во изборот организиран од страна на ЕХФ ЕУРО 2018. Признанието се должи на извонредниот настап на десниот бек на двомечот со Исланд, откако Лазаров постигна 11 гола во победата на домашен терен, а потоа беше стрелец и на осум погодоци при минималниот пораз во Рејкјавик.

Македонецот е дел од идеалната постава во квалификациите за 3. и 4. коло, заедно со Омејер (Франција), Генсхајмер (Германија), Сагосен (Норвешка), Борозан (Црна Гора), Солер (Шпанија) и Буриќ (БиХ), а при гласањето за „играч на мајските квалификации“ од овие седум ракометари најмногу гласови собра токму Лазаров, за ново признание на капитенот на нашиот национален тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top