Спрскиот репрезентативец, Љубомир Фејса во саботата влезе во историјата на европскиот фудбал како првиот фудбалер кој десет години по ред е шампион со тимот во кој настапува. Ваков случај не беше забележан во модерниот фудбал се додека Бенфика, сегашниот тим на Фејса, вчера повторно ја одбрани шампионската титула во Португалија.
Интересен е фактот што Фејса не настапуваше само за една екипа цела деценија, туку титулите ги освојуваше во три различни национални првенства.
Вчера тој стигна до четврта титула по ред за Фејса во Португалија и има максимален учинок на трофеи во португалската Примеира.
Претходно од 2008 до 2011 година освои три титули со Партизан, а потоа откако премина во Олимпијакос трипати стана и национален првак на Грција. Со оглед на тоа што добро ги избира клубовите и има уште години пред него да ги закачи копачките на клин, Фејса може и да го подобри овој резултат, ососбено ако остане и следната сезона во Бенфија која сигурно и следната сезона ќе биде еден од фаворитете за титулата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.