| четврток, 6 декември 2018 |

За Елмас се заинтересирани три европски гиганти

Еден од најнадежните македонски фудбалери, Елиф Елмас, од новата сезона ќе ги брани боите на некој нов клуб, откако уште на стартот на летото се раздели со македонскиот прволигаш, Работнички.

За неговите услуги веќе подолг период се заинтересирани хрватските гиганти, Хајдук и Динамо Загреб, но како што открива „трибалфудбал“ за Елмас загризаа и белгиски Бриж, како и Манчестер Сити на Пеп Гвардиола и португалскиот шампион Бенфика, екипи кои подолг период го следеле фудбалскиот развој на македонскиот фудбалер.

Елмас одигра фантастична сезона. Беше еден од најдобрите фудбалери на Треневски во изминатиот шампионат, а покрај дебито за А-селекцијата, имаше и забележителен настап на ЕП во Полска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top