Франција ќе биде осетно ослабена на Евробаскет 2017 откако Руди Гобер обелодени дека нема да му биде на располагање на својот национален тим во текот на летово. Центарот на Јута џез требаше да биде еден од главните адути на „триколорите“ на овој европски шампионат, но тој реши да остане во САД наместо да им помогне на репрезентативните колеги.
– Одлуката не беше лесна. Сепак, ова беше долга сезона, воедно и се повредив во плејофот. Разговарав со луѓето од клубот и се согласивме дека најдобро ќе биде да останам во САД и да работам на зајакнување на моето тело. Ова не значи мое откажување од проектот на француската репрезентација, едноставно само летово нема да можам да им помогнам на соиграчите – изјави Гобер во своето интервју за Лeкип.
Руди Гобер е вториот ас од НБА-лигата што го откажа своето учество на претстојното Европско Првенство, откако претходно истото го стори и Николас Батум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.