| четврток, 6 декември 2018 |

„Песната палимпсест“ -нова книга од Веле Смилевски

Поетот и литературен критичар Веле Смилевски деновиве, во издание на „Дијалог“ од Скопје, објави нова книга под наслов „Песната палимпсест“. Во овој, како што е најавено, прв том од избраните дела на Смилевски, на 750 страници се презентирани арс-поетичките коментари на авторот за поезијата создавана во изминатите 45 години.

Покрај воведната студија со наслов „Песната палимпсест“ и примерите од поетската трилогија „Час по поезија“ (2010), стихозбирката „Забранета книга“ (2011) и поемата „Век за самување“ (2012), објавен е и тематски избор од поезијата создавана до 2000 година, под заеднички наслов „Век за приказ“.

Во посебен оддел книгата „Песната палимпсест“ донесува студии, критики и есеи за поетското творештво на Веле Смилевски од Георги Старделов, Матеја Матевски, Влада Урошевиќ, Луан Старова, Сретен Перовиќ, Сава Хеџман, Ала Шешкен, Миодраг Друговац, Олга Панкина, Саша Хаџитанчиќ и Наташа Аврамовска. Објавени се и есеи за поезијата на Смилевски од претставници на неговата генерација: Данило Коцевски, Тодор Чаловски, Ефтим Клетников, Раде Силјан, Санде Стојчевски и Бранко Цветкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top