Во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ в петок, 12.мај, со почеток во 20 часот свечено ќе биде отворена изложбата на младата авторка Сарита Конеска, „Мигови”. Влезот е слободен.
Рецензентот Иван Стојановски, одличен познавач на творештвото на Конеска, ја опишува изложбата „Мигови” како колекција на мигови од нејзиниот живот и искуствата, пренесени на хартија преку призмата на сликарството и различни техники на изразување како употреба на молив, акварел, црн и кафен пресован јаглен, пастел техника и слично.
Секој миг – своја приказна, секоја скица своја сказна.
Скицата како „медиум”, техника претставува и цртачко сликарски бележник . Интермедијалната врска помеѓу фотографијата и сликарството е повеќе од очигледна во овие дела, како еден вид на практицирање на „старомодниот начин” на ловење на моменти од атмосферите, светлосните природни појави и ефекти, пејсажи, различни типови на природа и нивно развивање во повеќе стилови без разлика дали се работи за портрети, локации, апстракции или акт-нуди интересен спектар на иновација во ликовните изрази на Сарита Конеска“ се вели во рецензијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.