Прилепчани и вечерва го искажаа своето незадоволство од промена на националните симболи и воведување на албанскиот јазик за втор службен јазик на целата територија на Република Македонија, давајќи поддршка на граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија”.
Прилепчани единствени против платформата од Тирана и бараат целосно нејзино отфрлање. Тиранска Влада не смее да се формира во Македонија, не смее да се дозволи погазување и ставање во втор ред на Македонците. Нови избори и попис на населението, се барањата кои и вечерва беа истакнати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.