Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ по периодот во кој се мачеше со променливата форма, се чини се враќан а старите победнички патеки. Тој продолжува со победите над шпанските тенисери на вториот Мастерс на земјена подлога оваа сезона во Мадрид.
Србинот, по вчерашната тесна победа над Алмагро, попладнево во рамките од осминафиналето на овој Мастерс го совлада Фелисијано Лопез без загубен сет. На Ноле му беа потребни час и половина и само два брејка (6-4, 7-5) за да го совлада шпанскиот тенисер.
Следен противник на бранителот на титулата ќе биде Кеи Нишикори, а мечот е закажан за утре на пладне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.