Иако медиумите редовно пишуваат за тенискиот ас Новaк Ѓоковиќ, неговата сопруга, деца, родители, не сите знаат дека Србинот има помлад брат кој се вика Марко.
Тој неодамна признал дека не така одамна бил во тешка депресија, а како една од причините за тоа го навел фактот што целиот свој живот и целото негово детство го поминал во сенка на својот постар брат. Да ги надмине мрачните мисли му помогнал членот на стручниот штаб на Ѓоковиќ, Пепе Имаз, за кој Марко имал само пофални збророви.
– Отворено зборувам за мојот проблем. Немав доволно љубов спрема самиот себе. Бев многу нервозен, разочаран од животот, имав многу лоша енергија и сето тоа го собирав во себе. Малку по малку сѐ ми се собираше, за одеднаш да почнам да се чувствувам многу лошо. Немав живот, немав пријатели, се затворив во себе, отрил Марко Ѓоковиќ, кој раскажал дека по запознавањето со Пепе Илмаз тоа се променило.
– Разговор по разговор со него почнав да се чувствувам подобро. Имавме долги сесии, некогаш и по 3-4 часа. Во нив сето тоа што тлееше во мене излезе само затоа што спроти мене седеше личност која ме гледаше со љубов. Тоа ми даде сила да го променам својот живот. Почнав повторно да дишам со полни гради, да работам и да го споделувам своето искуство.
– Во тие мрачни денови се оддалечив и од семејството, но сега по трансформацијата сум одличен со сите. Тие искрено ме сакаат – открил Марко Ѓоковиќ.
Инаку, Шпанецот Пепе Имаз го нарекуваат гуру-тренер на Новак со кого тенисерот медитира и работи на психичката подготовка и на ослободувањето од стресот, а наводно тој бил главната причина за прекинот на соработката на Ѓоковиќ со Борис Бекер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.