| четврток, 6 декември 2018 |

Нови детали за убиството: Сопругот го пронашол телото на докторката, друго лице повикало полиција

ulicata

Неофицијално, мртвото тело на 53-годишната докторка Ј.М.С. го пронашол нејзиниот сопруг, кој повикал брза помош, а случајот во полиција го пријавило друго лице, објави „Канал 5“. Полицијата потврди дека случајот кај нив бил пријавен синоќа околу 21 часот по што веднаш е излезено на местото на настанот. Во ЕИК Скопје, се јавил Д.К. од Скопје.

Жртвата Ј.М.С. била докторка на скопската Клиника за нефрологија и професорка на Медицинскиот факултет.

Како што јави телевизијата, од Клиниката каде што работела велат дека во последниот период не забележале промена во нејзиното однесување.

Според полицијата, лекарката имала исечени вени на рацете и убодна рана во вратот. Телото е дадено на обдукција

Претходно од Основното јавно обвинителство изјави дека во домот на жртвата на улицата „Елисије Поповски Марко“ се прибрани сите материјални траги и докази кои можат да помогнат во истрагата и истите се дадени на вештачење. По наредба на дежурен јавен обвинител ќе се врши ДНК анализа на трагите од крв пронајдени на лице место. Дополнително, јавниот обвинител нареди да се обезбедат и евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти.

Во континуитет се сослушуваат лица кои би можеле да помогнат во расветлување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top