Босанскиот интернационалец Един Џеко нема да може да им помогне на своите соиграчи од Рома на дербито против Јувентус претстојниот викенд што се игра на „Олимпико“. Тој го повреди бутниот мускул на дуелот со Милан, а лекарските прегледи покажаа дека ќе мора да одмори околу десетина денови.
Рома е во трка со Наполи за освојување на второто место на табелата во Серија А, кое води директно во Лигата на шампионите следната сезона. „Волчицата“ во моментот има еден бод предност на три кола до крајот на шампионатот.
Един Џеко е најдобар стрелец во Серија А во моменот со 27 погодови, два повеќе од Андреа Белоти од Торино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.