Баерн Минхен ја одбрани шампионската титула во Германија, а во последните две кола ќе биде без услугите на шпанскиот интернационалец Хави Мартинез. Тој заработи повреда на клучната коска и ќе мора да ја санира со хируршка интервенција, па нема да биде во комбинација за настап.
Тренерот Карло Анчелоти секако во последните две кола ќе им даде шанса на фудбалерите кои имаа помала минутажа во текот на шампионатот, а Хави Мартинез беше еден од најстандардните со 25 одиграни натпревари во Бундес лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.