Новинарот Наум Стоилковски во гостувањето во Отвореното студио на ТВ Нова кажа дека Талат Џафери е вештачки наметнат, а не избран за претседател на Собранието. Тој вели дека Федерика Могерини го избрала Џафери и прашува од каде таа има легитимитет да избере некого.
-Талат Џафери не е избран, Талат Џафери е вештачки наметнат и ставен во таа канцеларија на претседателот на Собранието на Република Македонија. Кој го избра Талат Џафери? Могерини, а кој ја избра Могерини, од каде Могерини има легитимитет да избере некого, прашува Стоилковски.
Тој смета дека пратениците кои го изгласаа Талат Џафери знаеа што ќе се случи.
-Самата позиција на оние кои што останаа во салата, кои ја окупираа салата за да направат еден таков наводен избор на претседател, знаеа што ќе се случи, беа предупредени што ќе се случи, изјави Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Џафери: Ако референдумот пропадне, одлучуваат институциите
-
Могерини: ЕУ нема да биде целосна се додека земјите од Западен Балкан не станат членки
-
Стоилковски: Оливер Спасовски четири дена крие што бара службениот полициски џип на плажа во кампот „Евридики“