| четврток, 6 декември 2018 |

Џафери: Ако референдумот пропадне, одлучуваат институциите

Претседателот на парламентот, Талат Џафери, е убеден дека повеќето граѓани ќе го поддржат референдумот на 30-ти септември и ја повика опозицијата да се однесуваат одговорно. На прашањето што ќе се случи ако не биде постигнат потребниот цензус на референдумот, Џафери рече дека во случај на неуспех, прашањето ќе оди во рацете на институциите.

Целосното интервју на претседателот на парламентот, Џафери, ќе се емитува денес во емисијата „200″, со почеток во 22:00 часот, на телевизијата „Алсат-М“.

– Во ситуација за да нема цензус се подразбира дека граѓанинот се дистанцира од правото да преземе одговорност за донесување одлуки и остава простор институциите кои ги избрал да продолжат со носењето на одговорноста во следните процеси, по однос на ова прашање, за кои тие постојано даваат поддршка за интегративните процеси. Ова е патот по кој ние се движиме и по кој треба сите да се движиме. Аспектите на академските, професионалните толкувања не ги исклучувам, но тие се аналитички толкувања кои не сносат одговорност за ништо – рече Талат Џафери, претседател на парламентот.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top