| четврток, 6 декември 2018 |

Прилеп лидер во спроведувањето на примарната селекција на отпадот

 

02

Наскоро Прилеп ќе биде единствениот град во Македонија кој 100 отсто ќе ја има спроведено примарната селекција на отпадот. Досега ЈКП „Комуналец“ од Прилеп има поделено корпи за селекција на отпадот на околу 65 проценти од домаќинствата во градот.

Корпите се со жолта и зелена боја. Во корпата со зелена боја граѓаните го селектираат органскиот отпад, а во жолтата се она што може да се рециклира, како пластика, хартија и слично. Досега вкупно се поделени 15.500 корпи за селекција на отпад, а низ градот на над 400 места на јавни површини и пред стамбени комплекси се поставени 1.200 контејнери.

За оваа намена ЈКП „Комуналец“ има инвестирано околу 19 милиони денари. Само во последните неколку месеци примарната селекција на отпадот е зголемена за околу 30 проценти.

otpad

Освен позитивниот еколошки аспект, проектот носи и финансиски бенефит, од 2010 година до денес „Комуналец“ има продадено роба за над половина милион евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top