Вчеравечер во 22,40 во полициската станица за ГП-Старавина било пријавено дека на местото викано Расимбегов мост во близина на Прилеп, во два наврати било пукано од огнено оружје.
Во 23,15 часот на раскрсницата за с.Дуње-Прилеп, полициските сили сопреле „сеат толедо“ со прилепски регистерски таблици управувано од Б.А. (36), во кое сопатници биле П.Т.(44) и Д.Д. (48) сите од Прилеп. При извршениот преглед, кај Д.Д. бил пронајден пиштол „ЦЗ 99“ кал.9мм.
Во разговорот истиот изјавил дека од наведениот пиштол пукал на Расимбегов мост, од каде подоцна и се подигнати испукани чаури. Со потврда за привремено одземени предмети, од Д.Д. бил одземен пиштолот.
Против истиот по целосното расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.