Влада во сенка ќе се појави кога тоа ќе биде потребно – една година пред изборите или од моментот кога ќе знаеме дека ќе се распишат избори, најави новиот лидер на СДСМ во интервју за „Канал 5“.
Заев рече дека новите кадровски решенија на партијата ќе бидат готови до 20 јуни и изрази надеж дека, освен со новиот потенцијал, СДСМ ќе сврти внимание и со конкретни мерки на економски план. На прашањето дали се чувствува како должник на Црвенковски, Заев рече:
– Не сакам да фрлам анатеми, ни да покажувам посебна блискост. Претседателот Црвенковски останува составен дел на СДСМ и во иднина. Секој мудар претседател треба да ја искористи целата енергија околу него како ресурс. Колку ќе бидеме под негова сенка, ќе покаже иднината, јавноста ќе може сама да оцени дали ние носиме сами ставови или некој од заднина диктира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.