| четврток, 6 декември 2018 |

Челси е подготвен да потроши 90 милиони евра за двајца играчи на Рома

roma

Менаџерот на Челси Антонио Конте не остава ништо на случајот и веќе почнува да се подготвува за следната сезона.

„Сините“ од Лондон се на чекор од освојување на титулата во Премиер лигата, а тоа значи дека следната сезона ќе играат на повеќе фронтови.

За таа цел Италијанацето има неколку имиња на фудбалери кои сака да ги доведе во Челси, а први на листата се тандемот на Рома, Раџа Наинголан и Антонио Ридигер кои треба да ги засилат одбраната и средниот ред.

Наинголан заедно со Канте и Матиќ во средината ќе биде вистински ѕид во редовите на Челси, а Ридигер е одличен одбранбен играч кој може да игра на две позиции.

Сопственикот на Челси Роман Абрамович веќе инкасираше 60 милиони евра од продабата на Оскар, а дополнителни 90 треба да се слеат во касата откако ќе биде продаден и Диего Коста ова лето.

Затоа не е чудно што понудата од 90 милиони евра за Наинголан и Ридигер веќе е на масата на „римската волчица“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top