Сопственикот на српскиот портал „Курир“, Александар Родиќ -Аца повторно докажа дека е никаквец, кој е подготвен за пари да се здружи и со најголемиот непријател на српскиот народ, пишува српски „Информер“.
Деновиве Родиќ одработува кампања за сметка на амбанските криминалци и нивниот платеник во Македонија, лидерот на СДС, Зоран Заев.
Газдата на „Курир“ во својот македонски медиум „Слободен печат“ (кој го купи во екот на изборната кампања под сѐ уште неразјаснети околности) подготвено се подбива со Србија и со Србите.
Продадени души
Освен Родиќ, како што тврдат за „Информер“ информирани извори од Македонија, за албанскиот платеник Заев работат и естрадниот менаџер Зоран Башановиќ и поранешниот директор на ЕПС Саша Обрадовиќ.
– Пред повеќе од една година Родиќ преку Башановиќ стапи во блиски контакти со Заев и го презема „Слободен печат“, најверојатно со пари од албанските финансиери на СДСМ. Затоа сега таму објавува плукачки текстови против Србите и ги величи Заев и неговите албански газди. Се зборува дек за возврат добил многу пари, веднаш на рака, во готовина, а остатокот требало да го добие преку маркетиншки работи штом Заев ќе формира влада. Не е случајно што Заев токму на „Курир“ го даде тоа интервју во кое ја плука Владата на Србија. Зад сѐ стојат милиони евра, кои албанските бизнисмени блиски на терористичките организации ги дадоа за валканата кампања во Македонија. Нивната крајна цел е Голема Албанија, а најцрно во сето тоа е што им помагаат и овие продадениве Срби – објаснува соговорникот на „Информер“ и додава дека задачата на Башановиќ е да го „поправи имиџот“ на лидерот на СДСМ во Србија.
Сојуз од интерес – со кого сѐ се побратимил Заев?
Зоран Башановиќ со години работи како естраден менаџер, а кратко бил и член на Главниот одбор на СНС на Вучиќ. Оттаму одлетал, пишува „Информер“, зашто склучувал милионски комбинации повикувајќи се на божемното кумство со лидерот на партијата, Александар Вучиќ.
За него многу се пишуваше пред пет години кога тој и сопругата Бојана беа уапсени за кражба на долна облека и на постелнина во еден трговски центар во Мајами. Двајцата се пуштени еден ден подоцна со кауција од 1.000 долари.
–Башановиќ и Заев се запознале во Грција, каде што и двајцата имаат куќи. Башановиќ му ветил дека ќе му обезбеди поддршка од српските медиуми. Истовремено Заев преку Башановиќ се запознал со Саша Обрадовиќ, кому му ветил дека ќе го постави за директор на ЕЛЕМ кога ќе стане премиер – тврди изворот на „Информер“.
Родиќ, Башановиќ и Обрадовиќ не биле достапни за коментар, пишува „Информер“, но, од друга страна, пратеникот на СНС, Владимир Ѓукановиќ, за „Информер“ вели дека Заев има многу проблеми поради изборот на соработниците.
–Тоа е сојуз од интерес и затоа на Заев лошо му се пишува во политичката иднина. Ако ги погледнете работите, ќе видите дека се работи само за чисти интереси, за трка по пари и дека нема никаква идеологија или политика – истакнува Ѓукановиќ во изјавата за „Информер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.