| четврток, 6 декември 2018 |

Почитувајте го правилото 5-5-5

sok smuti limon magdonos

Природата секогаш била најдобрата аптека со чија помош постои можност да се заштитите од многубројните болсти, но и да ослабите.

Најдобар пример за моќта на природата се крие во едноставниот напиток и правило 5-5-5, кои во првите 5 дена можете да се ослободите од т.н. лажни килограми.

Прво правило 5-5-5 се состои од едноставен напиток и неколку совети кои ако сакате да постигнете максимален ефект, треба строго да се придржувате.

Трите броја пет се однесуваат на брзината на подготовка од 5 минути, третманот трае 5 дена и максимални можни резултати, симнување 5 килограми.

Состојки:

– 60 грама свеж магдонос

– 1 лимон

– 1 чаша вода

Подготовка:

Магдоносот добро се мие, се става во блендер и се ситни. Се додава еден лимон и една чаша вода. Сето тоа добро се меша.

dijeta_765407615

Начин на конзумирање:

– Напитокот се пие секое утро штом ќе станете, пред јадење и пиење.

– Постапката се повторува пет дена по ред, без прекин.

– После петиот ден се прави пауза од 10 дена, и по желба се повторува постапката.

Оваа напивка го забрзува метаболизмот и варењето, спречува насобирање на водата во телото и надуеноста и помага на организмот брзо и ефикасно согорување на мастите и калориите.

Напомена:

Правилото 5-5-5 нема во рекорден рок да ги стопи насобраните масти, туку ќе го забрза метаболизмот како и да помогне што побрзо да дојдете до посакуваните резултати.

Губењето на килограмите, кои брзо ќе ги забележите на вагата, најповеќе се однесува на губење на водата во телото и успореното празнење, поради кои се чуствувате надуени и дебели отколку што сте.

Токму заради ова, првите пет килограми кои можете да ги изгубите се нарекуваат “лажни килограми“.

Но затоа на следните третмани, на вагата веќе можете да ги заберлежите реалните губења на килограмите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top