Македонскиот фудбалски стратег Ѓоко Хаџиевски и следната сезона ќе биде на кормилото на Хата, прволигашот од Дубаи кој се натпреварува во првенството на Обединетите Арапски Емирати. Тој одлично го предводеше овој тим откако го презеде кормилото неколку кола по стартот на шампионатот и ја исполни целта, за обезбедување опстанок во елитата.
Раководството на Хата ги цени способностите на Хаџиевски и токму затоа му понуди нов договор, со кој ќе остане шеф на стручниот штаб и во следната сезона. Денеска договорот и официјално е потпишан.
Хата во пресрет на последното коло од првенството, се наоѓа на безбедната десетта позиција на табелата со 25 бода, осум повеќе од опасната зона, а уште пред неколку кола го осигура опстанокот. Во последното коло, на 12 мај, Хата на домашен терен ќе го пречека второпласираниот тим на Ал Васл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.