| четврток, 6 декември 2018 |

Завршила во затвор во Дубаи само заради едно селфи

Британката Аса Хачинсон, која веќе три години живее и работи во Дубаи, завршила во затвор заради прилично бизарна причина. Таа додека била излезена со своето момче и неговите пријатели, се нашла на погрешно место во погрешно време.

Пријателите со кои таа била излезена решиле да направат селфи во кое сликале шведски граѓанин кој спиел во дворот на еден хотел. Додека се сликале, човекот се разбудил, но и се налутил, станал агресивен, за на крајот да повика полиција.

Момчињата побегнале бидејќи во Дубаи е забрането да сликате некого без негова дозвола. Сепак, Аса останала и дала изјава на полицијата, но останала во шок откако и било соопштена дека ќе биде обвинета. Освен заради сликањето, таа била обвинета и за кражба бидејќи поместила некои работи кои биле во сопственост на Швеѓанецот за да направи подобра фотографија.

Британката по неколку месеци била пуштена на слобода со гаранција дека нема да ја напушти државата, но се уште го очекува своето судење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top