Пејачката со синот Коста тргнала на луксузно патување, кое го платило нејзиното 17-годишно помладо момче, кошаркарот Немања Безбрадиќ, за да се договори за деталите за нивната венчавка.
Дара Бубамара (41) на големо ја планира венчавката со 17 години помладото момче Немања со кое е во врска цели шест месеци. Како што дознава српски Курир, фолкерката и спортистот организираат свадба во Дубаи.
Пејачката упорно се обидува да го сокрие приватниот живот, а посебно младото момче, со кое никогаш не е видена во јавност. Нејзините пријатели, оние малкубројните кои имале прилика да го запознаат Немања, велат дека тие двајца се реален пар и не ги чуди што одлучиле да се венчаваат по шест месеци забава.
– Не ми откри кога Немања ја запросил, но ми напиша порака дека свадбата ќе биде во Дубаи после нејзиниот концерт. Дара го обожава Дубаи, често оди таму на одмор, па претпоставувам дека нејзина идеја е да се ванчаваат таму. Таа вчера замина во Дубаи за да се одмори, но и да закаже хотел во кој ќе се венча. Немања сето тоа и го препуштил, не сакал да се меша во нејзиниот избор, рекла за срспки Курир другарката ан Дара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.