Ѓоко Хаџиевски пред неколку дена самиот потврди дека му бил врачен отказ во Хата по куп натпреварот со Ал Наср, а тоа секако дојде како големо изненадување со оглед на тоа што неколку месеци претходно доби нов договор за успехот кој го оствари минатата сезона.
Македонскиот стручњак во својата објава најави дека ќе ги откри причините за одлуката која ја донеле раководството на клубот, а иако денеска не се случи такво нешто, навистина убаво е да се види што двете страни разделбата ја прифатиле на најдобар можен начин.
Хаџиевски објави фотографии на својот профил на кои се гледа дека разделбата со Хата е навистина џентлменска и пропартена со сите почести од страна на пвите луѓе на клубот кои очигледно имаат големо мислење за поранешниот селектор на македонската репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.