| четврток, 6 декември 2018 |

Протестите продолжуваат в понеделник, денеска панел-дискусија

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска, на 69 ден од почетокот на протестните маршеви, наместо протест, организираше панел дискусија на тема случувањата во Собранието на 27 април.

bogdan-22

-Денешната средба, односно 69 ден од почетокот на протестните маршеви на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија ја замисливме да биде на некој начин секција на сите случувањата од Собранието, кои може да ги толкуваме и како директна провокација за оние највжештени глави од народот пред Собрание да го иницираат оној чин што се случи на 27 април, истакна Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива.

Ситуацијата ескалираше, додаде Илиевски, со т.н. избор на претседател на Собранието во ликот на Талат Џафери, избор кој што е вон сите процедури, избор кој се коси Уставот, Законот за Собрание, со Деловникот за работа, но иако тоа некој го знае, добро е кога експерти за оваа проблематика ќе кажат што точно се случи во Собранието, кои се последиците и се консеквентно што произлегува од еден таков незаконски избор за претседател на Собранието.

-Газењето врз Уставот е укинување на државата. Некој мора да поднесе одговорност, истакна Илиевски и додава дека на почетокот се обиделе да направат замена на тези, но реалноста говори друго, додавајќи дека никому не посакува да биде жртва на насилство.

– Според нивните планови, најповредениот меѓу повредените ќе биде Министер за здравство, а штетата што ја направија врз правниот поредок на Република Македонија и доколку ова пројде вака секој ќе може да прави што сака. Еве ние овдека сме повеќе од мнозинството во Парламентот, можеме да си изгласаме нешто сега и само ако не поддржат тие центри на моќ кои што спроведуваат на некој начин окупација врз државата, посочи Илиевски.

На панел дискусијата присуствуваат и професорите Иванка Додовска и Александар Даштевски.

Никој не може да си игра со она што се нарекува народна волја

Универзитетскиот професор, Иванка Додовска на панел дискусијата која ја организира Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ истакна дека оваа политичка криза е креирана од надвор, иако тоа звучи нереално.

-Ова е една поглобална слика во која не само Македонија, туку цела Источна Европа е ставен во тој бубањ на големите пресметки на големите нации, посочи Додовска.

Таа направи една ретроспектива на политичката криза од самиот почеток до денес и потсети дека таа почна во време кога Република Македонија стана лидер во Југоисточна Европа и дека освен Словенија, само Македонија имаше економски раст во време на економска криза.

dodovska

-Македонија издржа, благодарение на стратешката визија на владата. Истовремено со стратешката мудрост на Иванов, Македонија се издигна на едно завидно ниво. Токму во тој момент се случи големиот удар, се случи од внатре и дојде од страна на опозицијата, потсети Додовска.

Вели дека тој процес во таа фаза, аналитичарите го гледале како еден обид да се девастираат политиките или малку да се засенат успесите кои што беа постигнати, додавајќи оти во тој момент се чувствувало дека тоа брзо ќе биде санирано бидејќи, како што рече, аргументацијата не држеше вода.

-Но потоа, пред речиси три години кога започна планот Б, кога сфативме дека во Македонија почнаа да играат служби, и внатрешни и надворешни, македонските граѓани беа поставени пред една голема сцена во која што требаше да се масакрираат сите истурени играчи на извршната власт, потенцира Универзитетската професорка.

Посочи дека две години по улиците на Скопје имаше насилство, граѓаните гледаа терор и искажување на граѓанска непослушност, но и непочит кон она што беше изградено.

-Ние ја видовме волјата на граѓаните на 11 декември. Дали тоа на мене ми се допаѓа или не, тоа е прашање на лична природа. Не можете да си играте со она што се нарекува народна волја, рече Додовска.

Според неа, аферата со прислушуваните разговори била добра инструментализација за да се предизвикаат предвремени парламентарни избори.

-Видовме дека целата афера предизвикана од приватните телефонски разговори беше добра инструментализација за да се предизвикаат предвремени парламентарни избори. Тоа валкано сценарио се направи за да се создаде општ хаос, посочи Додовска.

Рече дека голема грешка било правењето на паралелни институции, како што е Специјалното Јавно обвинителство.

-Грешка беше правењето на СЈО, која е неуставна институција, која троши многу пари, наши пари за работи за кои што имаме Јавно обвинителство, истакна Универзитетската професорка.

Таа подвлече дека Претседателот Ѓорге Иванов ја имал главната улога,  и дека ја донел конечната одлука за тоа дали ќе се попушти пред овој налет.

Говорејќи за инцидентите во Собранието, Додовска вели дека сите провокации кои се случија дента ја предизвикаа толпата да загуби контрола.

-Мора да се сетиме и да не забораваме дека тој ист ден во македонското Собрание од страна на легално избраните пратеници од страна на македонските граѓани се случи најголемата навреда кон народот, тоа беше пеењето на албанската химна во срцето на Македонија, посочи Додовска.

Со изборот на Џафери за спикер е прекршен и политичкиот систем, а без тоа не може да функционира ниедна држава во светот

Македонија е дел од едно големо сценарио кое трае некаде околу три години кое според мене било подготвувано и многу порано. Во Македонија се прекршија многу правила. Не може да се занемари фактот дека комплетно оркестрирано целата меѓународна заедница, цел свет го призна Талат Џафери како легитимен претставник, а не легален бидејќи е избран спротивно на процедурата.

Ова денеска го истакна универзитетскиот професор Александар Даштевски на панел дискусија организирана од страна на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Тој посочи дека веќе и самите тие кои што се криеја дека и „помагаат“ на Македонија се разоткрија, а тоа го докажува и истрагата која се води против Џес Бејли во Конгресот.

dastevski-1-Нема дилема дека Бејли направи такви сериозни прекршоци и такво мешање во внатрешните работи на една држава што е забрането по сите закони, него го гонат според Амандманот 1 од уставот на САД.

Даштевски посочи дека со изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието е нелегален затоа што меѓу другото е прекршен и политичкиот систем, а без политички систем не може да функционира ниедна држава во светот.

Според него изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Р. Македонија е едно големо „ништо“ , затоа што се што се прави спротивно на законот е „ништо“ и истото како да не се случило.

Додаде сека според деловникот член 68, точка 4 седница во Собранието се свикува и одржува во времето од 11 до 18 часот, а изборот на Џафери е направен по 18 часот. При изборот не се преброени гласовите, нема н записник, а и седницата не била јавна затоа што нема собраниски пренос.

Даштевски советува дека следен чекор кој што треба да се направи е да поднесе уставна иницијатива до Уставниот суд да ја преиспита уставноста на изборот на претседател на Собранието на Р. Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top