| четврток, 6 декември 2018 |

Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено

Богдан Илиевски, како еден од водачите на протестите на „Граѓанската инцијатива за Заедичка Македонија“ секојдневно зборуваше во име на народот дека нивната борба е за соединување на народот кој живее под ова небо. Тој на 25-от ден од протестите истакна дека Македонија е земја за сите народи која што треба да ја оставиме на нашите идни генерации за тие да живеат достоинствено и мирно.

– Денес е 25-от ден откако граѓаните одлучија дека ке се борат за заедничка Македонија за земјата во која живеат и ја сакаат. Исто како што живееле нашите
претци, а ќе живеат и нашите поколенија. Ќе живеат како горди граѓани во Македонија. Горди, бидејќи се широки во срцето и со огромна почит за сите свои
сограѓани. Сонцето кое некои сакаат да го снема од нашето знаме ќе продолжи да свети подеднакво за сите и од тоа не отстапуваме. Не го даваме нашето
знаме. Мораме, наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ке живеат заеднички, мирно и достоинствено, а не во поделена земја
затоашто одредени неодговорни политичари, без грам памет и чувство за државата во која живеат, решиле да си играат игра. Игра во која нас ќе не плашат со разни сценарија за дестабилизација и санкции за тие да можат да си ја завршат валканата работа во која ке го делат народот за да дојдат на власт,
истакна Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top