| четврток, 6 декември 2018 |

Потребата од дигитализација во 21 век-тема за панел дискусија во библиотеката „Браќа Миладиновци“

На 18 јануари 2018 година, во ЈУ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе се одржи отворена панел дискусија на тема „Потребата од дигитализација во 21 век“.

На настанот ќе говорат: Даниела Митевска, историчар едукатор во Музеј на македонската борба Скопје, – Јасмина Најдовска, советник за средување архивска граѓа, нов период во Државен архив на Република Македонија, Гордана Јовиќ Стојковска, матичен Википедијанец и Гордана Андреева, програмски раководител на Матична библиотека „Браќа Миладиновци“.

Настанот е во организација на Здружението за умножување на слободни содржини ГЛАМ Македонија од Скопје и Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје, а по повод роденденот на семрежната енциклопедија Википедија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top