| четврток, 6 декември 2018 |

Тајна борба за знамињата и спомениците

Извори далечни од Парламентот, а блиски со внатрешноста, информираат за голема кавга меѓу Таљо Џафер и Зоран Зајеф, пренесува регионалниот Халалхалкидикикромидњуз.

Имено, Зајеф посакал сиот прецеднички астал на Таљо да бил покриен со знаменца за да се покаже големиот успех на коалицијата, па таму да биле и српско и хрватско и блгарско и црногорско и босанско и германско и британско и швицарско и знамињата на сите други каде Зајеф имал договорено интервју на Зоран.

Ама Таљо курназ му одговорил дека нема намера да става ништо повеќе од едно македонско едно европско и се друго албански знамиња, бидејќи, како нагласил „ Фљамурин е Башкимит Европиан ги покрива сите малцинства од регионот, а фљамјурин Шчиптар е за цел свет, шо не е јасно?“.

Таљо всушност бил лут на Зајеф по изјавите дека Македонците се „брача са Србе“ и притоа биле „братски хора, сшти народ“ за Софија, без за тоа претходно да се побара мислење од Тирана. Имено структурите го информирале Таљо дека Зајеф договарал да го подари споменикот на Цар Самоил на Софија, а Воинот на коњ на Грција. Но, другарите на Таљо имале поинаков план, особено со Воинот на коњ кој со мали зафати можел да се преиначи или во Џемо Хаса, или во Мефаил Еипов Мефо, предокот на лидерот на Таљо.

Зајеф пак се заканил дека без споменик на рамо нема да тргне да дава интервју за грчки медиуми, а и како ќе го повтори партискиот став дека немаме никаква врска со Александар ако не го врати воинот. Притоа рекол дека намерно толку многу ќе го заплетка грчкиот јазик што наместо да рече „ние се откажуваме од македонскиот идентитет и еве ви го Воинот“, како познат полиглот ќе направи намерна грешка и ке прозвучи „ние имаме само македонски идентитет и тој е ист со Воинот“. После тоа џабе сите знаменца кога нема ни НАТА ни Башкими Еуропиан.

Работата дошла до таму што морал ноќе во пижами да интервенира Ојт Б. Ли до Брисел, како знаат и умеат да го сочуваат освоеното, па морал да трча амбасадорот од Башкимит да ја смирува состојбата, а Таљо на раат да си става знаменца и да се слика.

Халалхалкидикикромидњуз дознава дека познатата поборничка за правда Керолајн Ристиќ Астерикс ја предводела групата изненаѓени социјалдемократки завиткани во македонски знамиња ја гребеле и туркала вратата од кабинетот додека траела фотосесијата на Таљо.

Првата кавга на Зајеф со Таљо.

Петел Бодичек
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Петел Бодичек

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top