| четврток, 6 декември 2018 |

Невестата го фатила: Изнајмил 200 сватови за да го измами дедото

Еден кинески измамник вложил неверојатна колична труд и време за да коструира лажен живот кој кулминирал кога младоженецот ангажирал 200 непознати луѓе а да му бидат сватови на свадбата. Сепак, целта му била света или барем профитабилна – налудничавиот план го сковал за да дојде до богатството на семејството на неветата.

Зетот познат само по презимето Ванг уапсен е за измама откако полицијата упаднала на неговата свадба и почнала да ги испитува сватовите од неговата страна. Колку и да глумеле, на крајот потклекнале и признале дека им платил околу 10 евра за да глумат роднини и пијатели на измамникот.

Вакво нешто, колку и да е чудно, сепак, не е забрането, но позајмнувањето 150.000 евра од семејството на невестата под лажен идентитет, е дефинитивно злосторство. Ванг побарал пари за своите деловни авантури, но и во име на чеиз, за да ѝ купи кола на жената.

До последниот момент неветата не се сомневала во лошите намери на својот свршеник, дури и го сметала за галантен и фин, сѐ додека на венчавката не се појавиле неговите родители. Тогаш почнала агресивно да ги испитува гостите, а на крајот повикала и полиција и му го осуетила планот.

Подоцна било утврдено дека Ванг прекршил уште еден кинески закон така што се обидел да се ожени на 20 години, што е 2 години под дозволената возраст во оваа земја

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top