| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска подолжува судењето за „Диво Насеље“

divo naselje 23 (Custom)

Во Основниот суд Скопје 1 денеска продолжува судењето за случајот „Диво Насеље“. Под силно полициско обезбедување обвинетите се спроведуваат во судот.

За денес е предвидено судот да продолжи со сослушување на другите обвинети што не ја дадоа својата одбрана за случајот.

Во судскиот процес „Диво Насеље“ на 37 обвинети им се суди за тероризам и за терористичка организација.

Во нападите во кумановската населба загинаа осуммина припадници на полицијата, а околу 40 беа повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top