Вчера вечер, пред бројна публика, претставници од дипломатскиот кор, културни работници и бројни познати јавни личности беше отворена изложбата “Охридски филиграни” од Мирјана Николоска.
Софиската публика покажа исклучителен интерес за оваа старо занаетско мајсторство специфично за Македонија, претставено преку 35 ракотворби од авторката Мирјана Николоска од Охрид.
Изложбата ја отвори директорот на КИЦ на Р. Македонија, Васко Шутаров.
Освен публиката во Софија, охридските филиграни ќе може да ги види и публиката во Созопол, во рамките на предстојниот Франкофонски Фестивал “Солеј”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.