| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров по победата над Исланд: Не се сеќавам кога со вакво темпо сме одиграле скоро цел меч

 

Makedonija - Island Rakomet 2017 (31) (Large)

Македонската сениорска ракометна репрезентација прикажа одлина игра на првиот меч против Исланд во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2018 го Хрватска.  Нашите ракометари на дебито на новиот селектор, Раул Гонзалес победија со 30-25, а во главна улога повторно беше капитенот Кирил Лазаров кој го диктираше темпото на нашата игра, асистираше и даде вкупно 11 голови од 15 обиди.

– Одигравме навистина еден екстра натпревар. Многу одамна сум во националниот тим и не се сеќавам кога вака сме одиграле речиси цел меч, некои 50 минути во врвно темпо. Ја посветувам победата на цела Македонија, и сега ќе се обидеме во ист стил да одиграме и во Исланд. Овој меч го добивме тимски, сите сме подеднакво заслужни, но морам да ги потенцирам младите Талевски, Кузмановски, Нелоски…Беа критикувани за нивните игри во изминатиот период од јавноста, и ете, критиките делувале навистина позитивно, изјави капитенот Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top