На албанскиот платеник, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, му се закануваат неговите финансиери, пишува српски „Информер“.
Според „Информер“, Албанците од Швајцарија, од кои Заев зел пари за со Албанците да направи коалиција и да ја прифати тиранската платформа, му се закануваат со хаос доколку, според договорот, не направи република Илирида во Македонија.
Како што се наведува, албанската дијаспора, која му дала многу пари на Заев за време на кампањата минатата година, се надевала дека веднаш по изборите, во декември 2016 година, нивната влада ќе биде формирана.
Тие очекувале дека досега ќе биде спроведен барем дел од тиранската платформа, односно дека албанскиот јазик ќе се изденачи со македонскиот, дека ќе се сменат грбот и знамето на земјата.
Меѓутоа, Албанците не сметале на побуна на Македонците, поради што Заев не успеа да состави влада досега, па станале нервозни. Доказ за тоа е пораката која извесен Агрон Џафери од Швајцарија ја испрати на државниот секретар на СДСМ и најблизок соработник на Заев,Оливер Спасовски.
-Оливер, ти и Заев треба да ја кажете вистината во парламентот за тоа за што се договоривме. Што треба сега ние Албанците да чекаме вие од СДСМ да кажете? Доаѓавте во Шавјцарија да молите за коалиција, а сега се правите будали. Лажете на телевизија, па сакате и нас Албанците да нè лажете. Ги прифативте точките од декларацијата за да имате мнозинство во Собранието, што е сега проблем?Мислите дека ако ги лажете Македонците, можете и нас Албанците. Мислите дека ние Албанците од Швајцарија имаме пари да даваме на Заев, за да нè лаже? Ајде кажете во парламентот што треба за да не дојдеме пак во Куманово. Да живее Илирида – гласи пораката што ја добил Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.