Најмалку 15 лица се повредени при серија експлозии во хемиска фабрика во периферијата на Мадрид. Три лица се тешко повредени, јави „Би-Би-Си“.
Над Мадрид се издигнал густ чад, а причината за експлозиите сè уште не е позната.
Службите за итна помош се испратени на самото место.
Фабриката се наоѓа на 27 километри од Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.