| четврток, 6 декември 2018 |

За мрзливите: Научници смислија апчиња за вежбање

Група американски научници се на добар пат да развијат апчиња што ќе ги заменат вежбите, што би можело да го смени животот на тие што не можат да вежбаат.

Можноста за постоење „апчиња за вежбање“ би можела да биде музика за ушите на тие што сакаат да се излежуваат на каучот, за возачите на камиони на долги линии или административните работници со прекуврмеени работни часови. Сепак овие таблети, пред сè, се наменети за лица, кои поради физички хендикеп или дебелина не можат да вежбаат затоа што би требало да имаат исти ефекти како часови поминати во сала за вежбање.

Научниците од институтот „Салк“ во Сан Диего објави резултати за ефектите од апчињата по повеќемесечното тестирање на глувци.

Благодарение на апчињата, глувците успеале 270 минути да трчаат на минијатурна движечка лента пред да го достигнат својот физички лимит. Пред апчињата тие можеле да трчаат 160 минути.

Освен што им се зголемила издржливоста за 70 отсто, глувците што користеле апчиња, за осум дена ја намалиле телесната тежина, а намалено им е и нивото на шеќерот во крвта.

Научниците предводени од Роналд Еванс открија дека апчињата, кои ги нарекле ГВ1516, ја менуваат активноста на речиси илјада гени. Истовремено, тие го забрзуваат согорувањето на мастите и го забавуваат претворањето на шеќерот во енергијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top