| четврток, 6 декември 2018 |

Пет работи кои треба да ги направите пред да почнете со вежбање

Сѐ поголем број на луѓе решаваат да почнат со вежбање, а посебно популарно е трчањето. Фитнес експертите советуваат дека треба да исполните пет услови пред да почнете активно да вежбате.

За да остварите долготрајни резултати во развојот на мускулите, храната е многу важна.

Препорачливо е да јадете нешто барем еден час пред вежбањето, макар тоа да е ужина, бидејќи тоа ќе му ја даде на организмот потребната енергија. Бананите и јаболките се одлични, а може и да се напиете смути.

Правилната хидратација е клучна бидејќи нема ништо поопасно од вежбање на празен стомак или недостаток на вода во организмот. Испијте барем литар вода еден час пред вежбањето.

Испланирајте ги вежбите, бидејќи е важно да знаете точно што ќе вежбате и колку време ќе ви одземе секоја вежба, но одвојте и време за одмор. Кога вежбате според план, полесно ќе се фокусирате на извршување на вежбите.

Загревањето пред тренингот е неопходно. Можете да ги загреете мускулите со аеробик и динамични вежби, така што може да правите склекови за да го припремите телото за поголеми напори.

Музиката исто така може да биде важна за мотивација. Пробајте да ја избегнете монотоната музика бидејќи таа негативно ќе влијае на вашето вежбање. Најдобро е да си креирате плејлиста која ќе ја слушате додека сте во теретана, за да не мора да ја слушате музиката која е пуштена на звучници во теретаната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top