| четврток, 6 декември 2018 |

Kолку минимално треба да вежбате за видливи резултати?

Само 120 минути неделно е доволно вежбање за резултатите да бидат видливи. До оова време дошле научниците кои учестувале во долготрајното истражување на Институтот за технологија во Карлсруе (KIT).

Истражувачите прателе 500 лица за 25 години и откриле неверојатни нешта. Тие ги тестирале во редовни интервали, а тестовите вклучувале сила, издржливост, координација и флексибилност.

Врз основа на анализата на крвта, маснотиите и ЕКГ, истражувачите дошле до заклучок: дека сите оние кои вежбале, имале 10 години помладо тело, отколку оние кои не вежбале.
Ризикот од кардиоваскуларни проблеми бил значително помал кај спортистите, а имале и побрз метаболизам.

Најдобро од сè е што не морате да потрошите многу време и енергија за постигнувањето на тие ефекти. Два часа неделно лесни вежби, се доволни за да го видите позитивниот ефект.

Ако сакате да согорите повеќе калории, тие препорачуваат еден час дневна прошетка со урамнотежена исхрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top