Повредени се три члена од Уставот, 14 од Деловникот за работа на Собранието и три члена од Законот за Собранието на Република Македонија, што е многу голема повреда, коментираше во отвореното студио на ТВ „Нова“ политичкиот аналитичар Александар Даштевски за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.
– Јас му препорачувам на ВМРО-ДПМНЕ да поведе постапка пред Уставниот суд за испитување на уставноста на таа одлука, бидејќи не само спротивно на овие прописи, туку е спротивно и на другите прописи, на пример правилникот за гласање – вели Даштевски.
– Ние веќе немаме кревање на рака од денот кога е воведен електронскиот систем. Сите тие членови се повредени – додаде Даштевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.