| четврток, 6 декември 2018 |

Даштевски за РСМ: ВМРО-ДПМНЕ мора да продолжи да се бори, не смее да го напушти Парламентот

Напуштање на Парламентот не е опција, ВМРО ДПМНЕ мора да продолжи да се бори во Законодавниот дом со сите демократски средства и да спречи реализација на платформата на албанските партии, ова во емисијата Круг на Радио Слободна Македонија го изјави универзитетскиот професор Александар Даштевски.

Тој вели дека изборот на Талат Џафери е нелегитимен, но е со амин на меѓународната заедница и извршен под силен притисок.

Важно е, вели Даштевски, Уставниот суд да се произнесе за неговиот избор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top