Во 1992-та година Киро Глигоров го дава мандатот на Љупчо Георгиевски, кој потоа го враќа истиот. Следно, мандатот му е доделен на Гошев од СДСМ, по што во СДСМ се предомислуваат во однос на мандатарот, па мандатот повторно е вратен назад. Глигоров третиот пат повторно му го додели мандатот на СДСМ, овој пат на Бранко Црвенковски да состави Влада, потсети политичкиот аналитичар Александар Даштевски при гостување во ТВ Нова.
-Поради оваа постапка на претседателот, ВМРО-ДПМНЕ во 1992-та година, покренува уставна иницијатива за испитување на уставноста на постапката на претседателот. Уставниот суд носи одлука дека претседателот може да го даде мандатот на кого сака- наведе Даштевски, кој смета дека сега треба да се однесуваме согласно веќе донесената одлука на Уставниот суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.