| четврток, 6 декември 2018 |

„Србија денес”: Заев е лажен левичар и политичка старлета

Експонентот на Западот, лажниот левичар, солидниот актер Зоран Заев се покажа како политичка старлета, која го надмина и самиот Боки 13 кој е естрадна старлета, пишува порталот „Србија денес“.

Според порталот, последните случувања во Македонија јасно покажуваат дека на Соединетите Американски Држави и Европската Унија не им одговара стабилност во регионот, туку криза од големи размери. Сите овие години зборуваат за Голема Србија, а всушност ја прават Голема Албанија. Експонентот на Западот, лажниот левичар, солидниот актер Зоран Заев се покажа како политичка старлета, која го надмина и самиот Боки 13 кој е естрадна старлета.

-Направен е договор со Рама и Тачи кој е режиран од страна на режисери од САД и ЕУ со цел повторно да се запали балканското буре барут – изјави претседателот на Српската лига, Александар Ѓурѓев, цитира „Србија денес“.

Порталот пишува и дека според завоите на главата на Заев може да се добие впечаток оти добил тешки удари, но, како што се вели во текстот, од доверливи извори дознаваме дека тие завои се само дел од холивудската режија.

-Секако, повторно главни кривци се Србите, поради изјавите на Зоран Заев дека Александар Вучиќ е на чело на националистичкото раководство кое намерно прави кризи и напнатост во регионот. Ова секако Заев кој на несреќа на македонскиот народ не е македонски националист туку албански шовинист, не можеше сам да смисли затоа што гледаме дека се спроведува според тиранската платформа, која треба да ја уништи Македонија и да почне конечната пресметка со Србија. Со оглед на тоа што главата му е во завои ќе добиеме впечаток дека добил тешки удари, но од доверливи извори дознаваме дека тие завои се само дел од холивудската режија – се вели во текстот.

Порталот пишува дека македонскиот народ знае оти Србија отсекогаш била искрен пријател и дека тоа секогаш ќе биде, повикувајќи ја Владата на Србија најостро да реагира и со сите средства да ги зачува Србија и српските интереси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top